Кливленд подобар од Бостон, пораз на шампионот Голден Стејт на отворањето на сезоната во НБА лигата

од Vladimir Zorba

   Предводени од Леброн Џејмс, кошаркарите на Кливленд Кавалирс ноќеска го победија Бостон Селтикс со 102:99 во првиот дуел од новата сезона на НБА лигата.

Само една асистенција му недостигаше на Џејмс за трипл-дабл. Тој натпреварот го заврши со 19 поени, 16 скока и 9 асистенции.

Во поразениот тим се истакнаа Џејлен Браун со 25 поени и Кајри Ирвинг кој дебитираше за Бостон со 22 поени и 10 скока. Сепак Ирвинг кој во Селтикс дојде токму од Кавалирс го промаши последниот шут за израмнување и продолжение.

Натпреварот го одбележа и тешката повреда на Гордон Хејворд кој во почетните минути доживеа прелом на левиот скочен зглоб.

Неизвесен до самиот крај беше и вториот натпревар одигран ноќеска на кој Хјустон го победи шампионот Голден Стејт со 122:121. Џејмс Харден во последните секунди не погоди шут за три поени и со тоа не успеа да спречи пораз за „воините“

Слични содржини