Клоп: И да се појавиме голи на терен пак сите ќе гледаат во Салах

од desk2

Во соблекувалната на Ливерпул владее одлична атмосфера оваа сезона, а тренерот Јирген Клоп неодамна откри една шега со своите фудбалери.

Харизматичниот Германец воочи реваншот од чевртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити (после победата во првиот натпревар од 3:0) им предложил на играчите да излезат голи на тренинг.

„Кога требаше да се појавиме на тренинг во Манчестер и реков на играчите: Момци ајде сите да излеземе голи на терен, секако никој нема да забележи – сите ќе го гледаат само Салах“, изјави Клоп.

Јасно, шегата на Клоп се однесува на популарноста која моментално овој египетски фудбалер ја ужива, поради фантастичната голгетерска форма оваа сезона која може да му ја донесе и Златната копачка.

„Навистина е одлична атмосферата во тимот и на сите им е драго поради вниманието кое Салах го добива. Станува збор за одлична група со која работам. Секако дека на атмосферата влијаат и добрите резултати, но има и примери каде има и одлични играчи и добри резултати, но нема позитивна енергија во соблекувалната“, истакна германскиот тренер.

Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе се сретне со Рома, клубот за кој Салах настапуваше пред да пристигне на „Енфилд“.

„Сигурно повторно ќе биде во центарот на вниманието, но целото тоа е нормално“, изјави Клоп.

Слични содржини