Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека ќе се заземе со задачата да го доближи Ливерпул до Манчестер Сити во пласманот во следната сезона.

„Оваа година, ако Сити имаше нормална сезона, што не бее случај, на врвот сите ќе бевме многу блиску на крајот бидејќи и сега сме поблиску. Јунајтед е на 4 поени пред нас, Тотенхем е на 2 зад или колку и да се. Тоа е битка за сите места“, изјави Клоп.

„Сите топ 6 тимови се претставија добро, но Сити се справи најдобро. Тешко е да се справиш со успехот, како и со други работи во фудбалот, но јас сум сигурен дека тие повторно ќе се силни догодина. Не е невозможно да бидат и едно ниво погоре“..

„Разликата меѓу нас и Сити не се доби во натпреварите меѓу нас, туку во другите натпревари. Неколку поени, загубени поради лоша среќа и неколку поради наши грешки, над кои ќе работиме“, рече Клоп.

Потсетуваме дека Сити веќе ја освои титулата оваа сезона и е на 17 поени пред Ливерпул. Сепак, во четирите натпревари оваа година против „црвените“, „граѓаните“ освоија само еден бод.

Слични содржини