Клоп најави дека Ливерпул може да му биде последниот клуб

од Vladimir Zorba

“Иако на крајот на мојата кариера сум  ги водел само Мајнц, Дортмунд и Ливерпул, тоа се три фантастични клубови”, изјави менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп во интервју за RedaktionsNetwerk.

klop

Германскиот специјалист е апсолутен миленик на навивачите на “црвените”, а претставувањето на тимот исто сериозно се подобри по неговото доаѓање на “Енфилд”. Тој навести дека може да го води уште долги години тимот, по што   и да стави крај на кариерата. “Еден ден ќе се вратам во Германија да живеам, но не знам дали ќе бидам повторно тренер. Многу веројатно е да продолжам да работам  и на 60. Иако на крајот на мојата кариера сум  ги водел само Мајнц, Дортмунд и Ливерпул, тоа се три фантастични клубови “, рече Клоп. Во моментов тој е на 49 години, што значи дека неговата намера е да остане во професијата уште максимум 10 години.

Слични содржини