Новиот менаџер на Ливерпул Јирген Клоп изјави во своето прво интервју на чело на тимот, дека се чувствува неверојатно.

638-397-iurgen-klop

“Англискиот не е доволно добар за да се изразам за она што го чувствувам, мислејќи за Енфилд. Сакам да го видам, да го почувствувам, да го помирисам. Тоа е неверојатно место. Нај посебно, на кое сум бил “, изјави Јирген Клоп во интервју за официјалниот сајт на Ливерпул.

“Го разбирам фудбалот. Треба да ги забавуваме фановите, треба да го направиме нивниот живот подобар. Ние не спасуваме животи, не сме лекари. Но нашата задача е да ги натераме да заборават на проблемите за 90 минути. Ова е начинот на кој сакам да живеам, ако не бев тренер. Ќе се обидев да бидам што е можно поблиску до навивачите. Сакам да веруваат, а не да се сомневаат “, изјави уште Клоп.

“Се разбира дека ќе се адаптирам, но не размислувам за тоа, бидејќи го познавам англискиот фудбал. Од долго време сум во фудбалот. Не сакам да ги правам работите комплицирани. Важно е играчите да разбираат што сакате од нив”, рече уште Германецот и продолжи:

“Да, тоа е голем предизвик, но јас никогаш не сум бил човек кој избира лесен начин. Знам што сакам. Ќе зборувам со играчите и ќе најдеме заеднички пат. Знаете, не е толку лошо човек да ми е пријател, бидејќи јас сум многу лојален. Јас секогаш мислев за работа во Англија и Ливерпул ми беше прв избор. Тоа е најдоброто нешто што можам да замислам. “

“Имав време да се одморам и да почувствувам дека не сум само фудбалски човек. Се сретнав со многу луѓе. Сега сум мирен, беше важна одлука. Имав неколку одлични години во Дортмунд и сега сакам да направам нешто ново “, изјави “Да заработуваш е важно, но исто така е важно како ќе играат. Мојата филозофија е дека играта треба да е емоционална, брза и здрава “, рече уште новиот менаџер на Ливерпул Јирген Клоп.

Слични содржини