Клучни британски министри открија кога земјата конечно ќе ја напушти ЕУ

од Vladimir Zorba

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија во март 2019 година. Тогаш земјата ќе го напушти единствениот пазар и царинската унија. Ова го соопштија во статија за “Телеграф”, британскиот министер за финансии Филип Хамонд и министерот за трговија Лиам Фокс.

Тие нагласуваат дека преодниот период е потребен за транзиција, но во никој случај за ревизија на плановите за Брекзит. “Ние сметаме дека ограничениот преоден период е важен за промоција на националните интереси и за обезбедување на поголема безбедност на претпријатијата.

Овој период не може да е бесконечн, тоа не може да ја отвори тајна врата за останување во ЕУ “, велат Хамонд и Фокс. Според нив, во овој период Велика Британија ќе биде надвор од царинската унија и ќе се јавува како ” трета страна “, а не страна на европските договори.

Слични содржини