Клучни преговори Заев-Ципрас за името почнуваат во Давос

од Vladimir Zorba

Премиерите на Република Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денска ќе  го одржат клучниот состанок во врска со спорот за името во швајцарското одморалиште Давос, каде се одржува Светскиот економски форум.
Скопје и Атина ќе го решат долготрајниот спор за името кој трае повеќе од 25 години. Во текот на овој период, Грција ги  блокираше евроатлантските  интеграција на Република Македонија, тврдејќи дека земјата не може да го користи името Македонија. Во текот на изминатите две години, поради судирот Запад -Запад, грчкото вето почна да работи против регионалната безбедност.
Со доаѓањето на власт на владата на премиерот Зоран Заев во средината на 2017 година, Скопје направи вистински чекори за нормализирање на односите со сите  свои соседи.

Заев ја елиминираше негативата за немање добрососедство.
Се засилија и преговорите за решавање на спорот за името под посредство на Метју Нимиц. КОнтатктите на релација Скпоје Атина станаа дневни. МИнистрите  на двете држави и тие влегоа за првпат директно во преговорите  и седнаа на на маса со медијаторот Нимиц.

Минатата недела излегоа во јавност и  предлозите кои им се понудени на македонската и грчката страна: Република Горна Македонија, Република Северна Македонија, Република Македонија / Скопје /, Република Нова Македонија и Република Вардарска Македонија.
Дебатата се дигна на ниво на премиери. Зоран Заев признза дека имало провокации и ги понуди спомениците како почеток на елиминација на тој план.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас  возврзати и  призна дека Република Македонија веќе е признаена од многу земји во светот со уставното име и допушти дека во иднината името  на земјата терминот Македонија ќе може да фигурира.

Кочничарите на процесите, увидувајќи дека е можно решение на повидок се активираа. Митинг во Солун и митинг во најава во Атина. Нема сомнежи дека тоа го организира опозиционата Нова демократија, криејќи се зад здуженија и екстремисити, чии спонзори ги платија абвтобусите со кои се донесе народ во Солун кои извикуваа  националистички пораки под слоганот  “Македонија е Грција”.

Ципрас не го поддржа митингот во Солун и уште  повеќе Ципрас истакна дека не решавањето на контроверзниот прашање само ќе ја поткопа дополнително позициите на Грција. Неговата теза беше поддржана и од градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој рече дека “перцепцијата дека Македонија е само грчка е многу
лоша”. 

Митинг спремаат и во Скпоје, но има проблеми опозиционата ВМРО ДПМНЕ, која повеќе сега се занимава како со на пиуните на Груевски кои добија партиски функции да има даде тежина и као да ги елиминира незадоволниците во партијата која бараат реформи и вистинско елиминирање на Никола Груевски од партијата. Оваа најголема опозициска партија прашањето за името и натаму го третира као партиски профит , а не како патриотски чин.

По претстојните денешни разговори меѓу Заев и Ципрас во Давос се очекува меѓународниот посредник Метју Нимиц во наредните денови да ја посети Република Македонија и Грција за, како што се очекува, финализирање на преговорите.

Ципарас и Заев денеска само  уште еднаш ќе го потврдат одиумот дека се спреми  на отстапки, и клучните црвени линии ќе се повлекуваат на средбите со Нимиц и преговарачките групи.

Откако спорот за името  ќе биде   решен , или процесот да биде во еден нормален тек со повидок на решение на истиот,  Република Македонија треба да стане 30 членка на НАТО и да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ уште за време на шестмесечното бугарско претседателство на Советот на ЕУ.

Временската рамка е месец јули, кога е закажан самитот на НАТО, кој го најави и првиот човек на алијансата генералниот секретар Јенс Столтенберг кој мината недела дојде во Скпопје во знак на поддршка на целиот процес и идните перспективи на Македонија./КА

По митингот во Солун утре е Давос, а кои се кочничарите на решението за името?

Слични содржини