Клуни донираа половина милион долари за борба против оружјето

од desk2

Џорџ и Амал Клуни ќе донираат 500.000 долари за маршот против оружјето кој ќе се одржи на 24 март во Вашингтон.

Учесниците на „Маршот за нашите животи“ бараат поголема контрола на оружјето, по последниот напад во средното училиште на Флорида, каде поранешен ученик уби 17 луѓе.

Преживеаните ученици организираат марш за вакво злосторство да не се повтори.

„Амал и јас сме инспирирани од храброста на ови емлади момци и девојки од училиштето“, рече клуни.

„Нашето семејство ќе биде присутно на 24 март со оваа неверојатна генерација млади од целата земја, и во име на нашите деца даваме 500.000 долари за да го помогнеме финансирањето на тој настан. Од ова зависи животот на нашите деца“, вели Џорџ Клуни во соопштението.

Трамп има луда идеја за спречување пукање во училишта

Слични содржини