Познатиот американски актер и доста успешен режисер Џорџ Клуни е најсаканиот оженет маж со кого би сакале да изневерат мажените Италијанки. Ова станува јасно од шеговито истражување, спроведено од популарниот  сајт за состаноци “Викторија Милан”.Daniele Venturelli

Љубовна афера со женетиот од септември Клуни, би имале 24,3% од речиси три илјади анкетирани жени во Италија. Второто место на оваа листа го зазема не помалку популарниот американски актер Бред Пит, кој неодамна се ожени со актерката Анџелина Џоли.

Интересно е дека Клуни и неговата сопруга Амал Амалудин – Клуни, исто така, сакаат да го следат примерот на пријателите Бред Пит и Анџелина Џоли, кои имаат, освен трите родени, и три посвоени деца, според “Woman`s Day”.

53-годишниот актер и 37-годишната адвокатка Амал немаат деца од претходните врски.Двајцата се венчаа во крајот на септември минатата година во Венеција.

Слични содржини