Карл Лагерфелд несомнено е една од најважните личности во светот на модната индустрија.80910882480e304c95f649b3325b2f18

Креативниот директор на Chanel е познат по својата исклучителна креативност и сензитивност кон секоја нова генерација и неговите преференци.

Покрај запаметените предлози кои сигурно го променија начинот на кој се гледа модата, Карл Лагерфелд е познат и со најдолгото партнерство меѓу една марка и дизајнер.

Станува збор за 50-годишната соработка со Fendi – настан што дефинитивно заслужува почесно покривање.

Во овој случај, денес имаме среќа да ја видиме кутијата “Fendi by Karl Lagerfeld” .Вистината е дека малку наликува на грчкиот мит за Пандорината кутија, само што во неа не се затворени болести и несреќи, туку вистински модни богатства.

Кутијата на Карл Лагерфелд содржи над 200 скици на дизајнерот за модната куќа, интервјуа и реконструкција на спомени од креативните процеси, запечатени во видео.

Меѓу едно од најголемите достигнувања на Кајзер Карл за Fendi е создавање на логото, познато  како двете “FF”.

Тие се збир помеѓу зборовите “кожа” и “забава”, кои на англиски почнуваат со иста буква.(“Fur” – кожа; “fun” – забава)

Кон ова се додава и од плетена кожа до  кашмирен џемпер – една своевидна револуција кај техниката за обработка на материјали.

“Ние сме единствената луксузна модна куќа која има внатрешна работилница за кожа, произведува 70% од сопствената изработка и контролира 100% од квалитетот. Во краток преглед на искуствата, имаме 500 години од мајсторство во сопственото создавање. “, изјави извршниот директор Пјетро Бекари.

Книгата – кутија “Fendi by Karl Lagerfeld” ќе дебитира на светскиот пазар во јули, а дотогаш можете да ги видите некои од скиците на дизајнерот во нашата галерија.06778ae3feafcb29c2736b84b6b041b6 6ab599a2e1f39311bb1699f27b4769e8 0143899f36020d3c556c486825b26bfd 8217197caf40a66873d6acd6ffd90c4e f543560a6a3bd79cbcf1626379473acf 899adccfc8cc6d3a719c6a2cc9a3932c

Слични содржини