„Книжевни магнитуди“ со Ристо Лазаров и Лидија Капушевска-Дракулевска

од Vladimir Zorba

  Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечер од 19 часот ќе се одржи средба со авторите Ристо Лазаров и Лидија Капушевска-Дракулевска во рамки на програмата „Книжевни магнитуди“.

Носител и приредувач на програмата е Марта Маркоска која појаснува дека се работи за прв од  ваков тип настани во Македонија каде секој слушател/читател ќе има можност да го запознае авторот одблизу и да го праша сè што сака, за него и за делото, бидејќи разговорите ќе се водат како отворена трибина, без цензура.

– Македонските поети заслужуваат достојно да бидат претставени пред што поголема слушателска, а потоа и читателска публика без разлика на која генерација ѝ припаѓаат. На овој начин, младите авторски генерации ќе добијат поголем публицитет пред постарите, и обратно, постарите ќе ја добијат должната почит пред помладите генерации, вели Маркоска.

Слични содржини