Коалициските партнери на СДСМ го поддржаа Заев како мандатар на новата влада

од desk2

На состанок на претседателот на СДСМ со коалициските партнери денеска, партнерите од предизборната коалиција на СДСМ едногласно го поддржале Зоран Заев да биде мандатар на коалицијата за состав на новата влада, соопшти СДСМ.

„Заедничка е оценката дека претседателот на СДСМ води совесни, мудри и одговорни политики во согласност со Уставот, во разговорите за обезбедување на новото парламентарно мнозинство и за состав на новата влада. СДСМ и коалициските партнери очекуваат Ѓорге Иванов да го даде веднаш мандатот на претседателот Заев за состав на новата влада, откако се собрани 67 пратенички потписи со кои се дава поддршка на претседателот Заев да биде мандатар за состав на идната влада. Со тоа, како што е оценето, ќе се овозможи понатамошен развој на демократските процеси во Македонија што носат перспективи за сите граѓани и за Република Македонија“, се вели во соопштението од СДСМ.

Слични содржини