Кочан и од бегство склучил договор со ЕЛЕМ

од desk3

Машините на  „Трансмет“ на Сеад Кочан пак ќе работат за државната компанија ЕЛЕМ, во РЕК Битола. Државните електрани склучиле договор вреден 2,5 милиони евра со повеќе фирми, од кои „Трансмет“ добила околу 150 илјади евра.
Договорот меѓу ЕЛЕМ и „Трансмет“ е склучен во време кога Кочан беше надвор од државата и за него имаше распишано потерница, а тој повеќе од два месеци беше недостапен за МВР.
 
Во случајот „Труст“, во кој се осомничени „Трансмет“ и Кончан, СЈО ги товари дека со лажна документација добиле тендер од државната ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Сега ЕЛЕМ повторно и дава бизниси на истата компанија. Од ЕЛЕМ велат нема ништо спорно.
„АД ЕЛЕМ спроведува постапки за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки и тие се во целост  транспарентни и недискриминаторски за сите учесници. Сите економски оператори имаат еднаков третман, впрочем, како што децидно е предвидено во законската регулатива.  Како договорен орган, АД ЕЛЕМ, има обврска во целост  да го почитува законот за јавни набавки и компанијата при спроведување на  секоја постапка  исклучиво се води според законската регулатива, избира економски оператори  кои  ги исполнуваат условите предвидени во  тендерската документација и имаат најповолни понуди. Станува збор за оглас за јавна набавка, објавен кон крајот  на 2016 година, за која процесот на евалуација е спроведен на почетокот на 2017 година.“, се наведува во одговорот на ЕЛЕМ.

Слични содржини