Кочан ладно: Температурите во Пјонгчанг паѓаат до – 25 степени

од Vladimir Zorba

Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ги предупредил спортистите и фановите за можно паѓање на температурите на воздухот до – 25 степени. Оваа вест беше презентирана на новинарите од страна на Сон Пак-ју, кој е претставник на комисијата.

„Што се однесува до прогнозата за времето, денес ќе има многу силен ветер, а времето ќе остане такво до 14-ти февруари. Тогаш температурите може и да паднат до – 25 степени. Препорачуваме на сите да се облекуваат топло“, изјави Пак-ју.

Бидејќи слично беше времето и за време на церемонијата на отворањето, организаторите почнаа на гледачите да им даваат капи, пончо, ќебиња итн.

Во рамките на 3-4 дена, Организацискиот комитет ќе претстави временската прогноза и за наредните денови, а по можност и до 25-ти февруари, кога завршуваат Игрите.

Слични содржини