„Сите наводи  со кои се доведува во прашање непристрасноста на напорите на комесарот Хан да ги олесни разговорите  кои треба да водат до решение на политичката криза во ПЈР Македонија- се комплетно неточни и немаат никаква основа.“, стои во писменото соопштение кое го објави порпаролката Маја Коцијанчиќ, а во однод на шпекулациите во јавноста по повод вмешаноста на комесарот Јоханес Хан во компанијата Новоматик, која инаку пред две години го купи гевгелиското казино Фламинго, а исто така е сопственик и на обложувалниците Адмирал. Хан бил менаџер во компанија, но ја напушта во 2003-та година со што шпекулациите за евентуалната негова пристрасност во преговорите се неточни.

han

Во соопштението уште се додава дека тој останува подготвен да ги олеснува преговорите меѓу македонските политички лидери.

„ Договорот од втори јуни, кој е донесен со олеснување  на комесарот ги содржи  сите елементи на добар компромис вклучувајќи ги а.) договорот да се одржат слободни и фер избори многу порано од редовно планирани и б.) јасна посветеност од сите лидери за реформи во областа на владеење на правото како и на изборните реформи. Сето ова беше барано и доби согласност од опозицијата. Затоа не е кредибилно било кој да се обвинува за пристрасност. Политичките лидери треба да се посветат на постигнување на конечен договор. Покажувањето со прст не им помага ним, и уште полош не и помага ниту на државата. “, стои во соопштението.

Слични содржини