Грција нема да им дозволи на некои средини муслиманското малцинство во Тракија да го претворат во надворешнополитички инструмент, место да ја прифатат неговата улога на мост на пријателство за целиот регион, пренесува БТА.коѕијас

Предупредувањето го упати грчкиот шеф на дипломатијата Никос Кодѕиас при претставувањето на книгата на поранешниот министер и пратеник на партијата Нова демократија Еврипидис Стилианидис „Тракија: следниот чекор“, на која присуствуваше и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, информира весникот „Нафтемборики“.

Никос Кодѕиас подвлече дека Тракија е грчка, демократска и европска и дека Грција е земја со демократија, која ги почитива, штити и развива правата на специјалните групи, какви што се малцинствата.

Весникот забележува дека изјавата на шефот на грчката дипломатија била испровоцирана од соопштението на неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу на Твитер. Во него тој посочил дека примил „делегација на турското малцинство од Тракија“, истакнувајќи дека тоа „ја има силната поддршка на Турција

Слични содржини