Кое е „лошото момче” фатено во кревет со Бела Адид

од Vladimir Zorba

  Откако светот го обиколија еротски слики на манекенката Бела Адид и нејзиниот колега Џордан Барет, снимени во спалната соба на нејзиниот стан во Њујорк, веднаш почна да се шпекулира дека модниот свет има нова „жешка“ двојка. 

Но, славната манекенка инсистира на тоа дека Џордан и е „како брат” и дека тука нема ништо повеќе. Како и да е, Џордан е главна вест на жолтиот печат, а и оправдано го нарекуваат „лошо момче” од манекенскиот свет.

Тој има само 20 години, еден е од најбараните австралиски манекени, а неговиот татко е осуден за шверц на дрога. Русокосиот убавец е „откриен“ кога имал 13 години, откако бил фатен во кражба на кибрити во една продавница, во 2010 година.

Тогаш му пришол ловец на таленти од познатата интернационална модна агенција ИМГ, со која потпишал договор во 2015 година.

Слични содржини