Кое е најдоброто време за споделување Instagram фотографии?

од Vladimir Zorba

Instagram, социјалната мрежа за споделување фотографии е најпопуларна од овој тип меѓу корисниците на смартфони денес. Ако ја користите оваа социјална мрежа, сигурно ќе ве интересира кое е најдоброто, а кое најлошото време за објавување фотографии тука.

Според податоците на Instagram, тука се споделуваат просечно 80 милиони фотографии дневно. А најголема активност на оваа социјална мрежа има во попладневните часови, односно во периодот од 13 до 16 часот, кога корисниците објавуваат најмногу фотографии. Но ова исто така значи, дека се многу поголеми шансите вашата фотографија да се изгуби во бројката и да биде незабележана меѓу многуте останати.

А кога би било најдоброто време да споделите фотографија и истата да си го добие заслуженото внимание? Одговорот е наутро и претпладне. Според едно истражување, бројот на фотографии што се споделуваат во периодот од 6 наутро до пладне е најмал, од каде извлекуваме логичен заклучок дека вашите следбеници на оваа социјална мрежа има најголема шанси да ви ја видат, а со тоа и „лајкнат“ фотографијата што сте ја споделиле во овој период.

Истото истражување покажа дека со Instagram „владеат“ жени на возраст 24-40 години и дека најпопуларните хаштази се #TBT (Throw Back Thursday) и #WCW (Woman Crush Wednesday).

Слични содржини