Кога на народ ќе му “скисне” ! Зам. министер за внатрешни работи на Боливија претепан до смрт од штрајкувачи

од desk3

Боливискиот заменик министер за внатрешни работи Рудолфо Илјнаес е претепан до смрт од рудари кои штрајкуваат.

ct-miners-deputy-minister-bolivia-20160826

Министерот за внатрешни работи Карлос Ромеро потврди дека 55-годишниот Илјанес бил претепан до смрт по судири меѓу полицајци и рудари кои протестирале во гратчето Пандуно на 165 км. југоисточно од Ла Пас.

Првично, Илјанес бил киднапиран од рударите откако се обидел да ги убеди да почнат преговори.

WireAP_e507ff091d1d4abd92a3f3b58359f489_16x9_1600

Тројца рудари беа убиени во неколкудневните протести против спорен закон со кој им се забранува да работат за странски компании./МИА

Слични содржини