Коха: Нов мораториум за „Трепча“

од desk2

Косовската влада постигна договор со косовската Агенција за приватизација (РАК), со кој се предвидува процесот за префрлање на надлежностите над рударско-металуршкиот комбинат „Трепча“ да биде одложен за уште извесен период, објавува денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.

Договорот предвидува дека во извесен временски период нема да има активности кога станува збор за регистрација на акционери за трите клучни единици на „Трепча“ и оти регистрацијата ќе биде спроведена дури откако ќе биде објавена студијата за изводливост, наведува весникот повикувајќи се на неименувани извори.

Коха наведува дека ниту Владата ниту РАК не ја објавија содржината на договорт, пренесува Танјуг.

Слични содржини