Приштинскиот Кривичен суд ги ослободи од затвор двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ,кои беа на издржување затворска казна за друго дело во затвор во Косово, јавува весникот на албанси јазик „Коха“.

koha
Според одлуката на судот во Приштина нема зошто двајцата да бидат задржани во Косово, бидејќи според косовскиот суд не можат да бидат задржани за дело за кое нема доволно аргументи. Тие беа осудени на доживотен затвор заедно со останатите од „Монструм“.

„Диво насеље“- Судењето за кумановскиот тероризам продолжува утре

Од канцеларијата на нивниот адвокат Бесник Бериша конечната одлука е донесена еден ден пред завршувањето на казната затвор во траење од две и пол години во затворот Дубрава, заради поседување на нелегално огнено оружје.

Тие беа уапсени во март 2013 година во еден стан во Приштина.

Слични содржини