Очекувано беше дека Хан нема да биде последниот играч во преговорите што ќе  ја заврши работата, на тешката политичка криза во Македонија. На крајот тој ќе го поздрави решението,  но заслугата нема да биде негова. Јасно беше од стартот  дека ќе следува нова повисока фаза на преговарачи кои треба да го заокружат и финишираат процесот, со се тоа што го спакува еврокомесарот Јоханес Хан.

eu gore dole

Всушност тие веќе се вклучени.Американскиот амбасадор Џес Бејли е присутен постојано а на последната средба во Брисел се вклучи ненејавено и  , учествуваше и Ален Ле Роа, некогашен специјален претставник на ЕУ по воената криза во 2001 година. Ле Роа е   генерален секретар на службата за надворешни работи и за безбедносна политика на Европската унија, директно потчинет  всушност на силниот дипломатски булдожер за европската надворешна и бебедносна политика Федерика Могерини. Тој во ЕААС е втор човек по Могерини.

Портпаролката на ЕК Маја Коцијанџич појасни “Господинот Ален Ле Роа ја претставуваше службата за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, служба која обезбедува поддршка за институциите и за нивните највисоки претставници во областа на надворешната политика.

Корисно е Ле Роа да е вклучен во преговорите, бидејќи тој како поранешен специјален претставник на ЕУ во Македонија во 2002 година , кој го наследи Франсоа Леотар, е најдобро запознаен со состојбите во земјава, и може дефинитивно да пружи најмногу.

Меѓу имињата за можни претставници на унијата се споменуваше и името на актуелниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билд. За него имаше информација дека е презафатен но постојано ја следи состојбата и упатува пораки преку Твитер. Неговата последна порака е ;

„Не можам да речам дека сум изненаден дека ќе биде потребен поголем напор од Хан и другите за да се реши ќор-сокакот во Македонија“, напиша Билд.

Во преговорите , како приолог на гаранциите  на спроведување на договореното,  се  инсистира на вклученост на американски специјален олеснувач.За сега е непознато дали таа улога ќе ја добие амбасадорот Бејли, но едно е сигурно дека кон средината на Јули во Македонија доаѓа уште еден дипломатски билдожер а тоа е американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд. Се тоа упатува дека нивото на преговори се подигнува и дека е можно многу брзо да се дојде до решение- се разбира под притисок на големите „олеснувачи“!

Слични содржини