Русија размислува за економски притисок врз Турција. Нејасно е иднината на гасоводот “Турски поток”.

Тензиите поради соборениот руски авион над Сирија продолжува да е тема број еден како во светот.

russian-president-vladimir-putin-getty

Руските одмазднички мерки засега се главно симболични. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа планираната за денес во посета на Турција и ги предупреди руските туристи да не ја посетуваат земјата.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека поради инцидентот важни заеднички проекти можат да бидат откажани.

Двете страни се големи трговски партнери и многу експерти предвидуваат дека одговорот на Русија ќе биде насочен токму кон ограничување на овие односи. Во секој случај ќе трпат и двете држави.

Инцидентот со соборениот руски авион отвори нова страница во тензиите меѓу Москва и Анкара. Едвај сепак некој очекува воен одговор од страна на Русија. Уште повеќе дека енергетскиот притисок претставува важен дел од руската надворешна политика.

По инцидентот во Турција: Берзите низ целиот свет тргнаа надолу, цената на нафтата расте

Најверојатно гневот на Москва ќе се насочи кон бизнис односите. А обемот на трговскиот промет меѓу Русија и Турција надминува 31 милијарди долари. Русија е на второ место по Германија, меѓу надворешно трговските партнери на Турција.

Анкара од своја страна е во топ десет на најважните партнери за Москва. Воопшто не е чудно што најголемиот дел од рускиот извоз во Турција – 70%, е во областа на енергетиката. Анкара е вториот по големина купувач на руски суровини по земјите од ЕУ.

Најнејасна е иднината на гасоводот “Турски поток”. Несомнено, и двете страни имаат заеднички интерес досегашните врски да не се прекинуваат. А и турскиот министер за енергетика изјави по соборувањето на авионот, дека не е загрижен за енергетските односи меѓу двете земји.

На ризик е изложен и друг енергетски проект. Русија, во лицето на “Росатом”, започна да гради нуклеарна централа во јужна Турција во вредност од 20 милијарди долари. Руската страна веќе инвестираше 3 милијарди и може да ги загуби. Анкара, исто така би загубила, бидејќи покрај сето друго сличен проект кој создава и многу работни места.

Ако има сепак непосредна последица таа ќе е поврзана со рускиот туристички поток кон Турција. Турските летувалишта се меѓу најпопуларните туристички дестинации за Русите, а Русија е на второ место по бројот на туристи во Турција по Германија. Наводните загуби за турската економија ќе биде во износ од околу 5 милијарди долари.

Слични содржини