Кои навики ви пречат во контролата на дијабетесот

од Vladimir Zorba

Животот со дијабетес е секојдневен предизвик кој го менува начинот на живот на луѓето. Многу често, сепак, луѓето со дијабетес дозволуваат грешки кои ги спречуваат да го контролираат ефективно нивото на шеќерот во крвта и инсулинот. Кои се тие?
Порциите
Луѓето имаат тенденција да јадат повеќе отколку што треба. Едноставно не сфаќаат колку  се товиме, без разлика што јадеме здрава храна. Таа исто така е полна со калории и јаглехидрати, а тоа го нарушува балансот во организмот.

Пијалаците
Пиењето на пијалаци со додадени шеќери или оние со вештачки засладувачи го зголемуваат веднаш и многу нагло нивото на шеќерот во крвта. Покрај тоа, секој пијалак освен водата додава калории кон секојдневниот прием, што не е во ваш интерес.

Пропуштате оброци
Немате време и сакате да изгубите тежина, не смеете да го прекорачувате внесувањето калории за денот – но каква и да е причината да пропуштите оброк, не го правете тоа. Наредниот оброк ќе ги зголеми многу остро вредностите на шеќерот во крвта, а тоа штети на контролата, како и на вашето здравје.

Преработени јаглехидрати
Ако мислите дека преработените јаглехидрати, вклучувајќи ги и солените јадења, не ви штетат, се лажете. Тие пречат на контролата на шеќерот во крвта и ппомешуваат каква доза инсулин или медикамент против дијабетес да  се земе.

Недоволно зеленчук
За да го контролирате добро шеќерот во крвта е потребно да јадете повеќе зеленчук. Тие се богати со растителни влакна и корисни минерали, кои имаат својство да го намалуваат шеќерот во крвта.

Попатните  закуски се како цели порции
Треба да се внимавате со попатни закуски, бидејќи тие се меч со две острици. Ако со нив се подигне дневниот внес на калории и тоа се случува и со крвниот шеќер за ден.

Не се движите
Движењето е едно од најдобрите работи што можете да ги направите во превенцијата или мајсторството над дијабетесот. Физичката активност делува како природен подобрувач на чувствителноста на клетките кон инсулинот што ја прави обработката на шеќерите ефективна.

Слични содржини