По повеќе од еден час расправа, пратениците од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, конечно почнаа да поставуваат прашања до специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

katica-janeva-vo-sobranie

Таа најави дека на сите прашања ќе одговори во текот или по завршувањето на расправата.

Еве кои прашања ѝ беа поставени:

Рафиз Алити од ДУИ:

  • Дали Јанева ќе ги преземе случаите „Монструм“, „Сопот“, „Диво Насеље“ и случајот за протестите во Ѓорче Петров?;
  • Зошто Јанева бара продолжување на рокот од 18 месеци за работата на СЈО?;
  • Каде точно е приведен градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, во Македонија или во Албанија?

Роза Топузовска-Каровска:

  • Кој, зошто и за која цел прислушувал и кој и зошто ги трошел парите на граѓаните?;
  • Зошто Јанева сега го признава легитимитетот на Собранието и што се променило во последните шест месеци?;
  • Зошто СЈО потрошило малку пари и на што планираат да ги потрошат преостанатите?;
  • Колкави се платите и хонорарите на врабоените во СЈО и на лицата ангажирани од ова обвинителство?

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ:

  • Дали Јанева повела постапка да ги прибави и другите 500.000 разговори за кои претпоставува дека се наоѓаат кај лидерот на СДСМ, Зоран Заев?;
  • Дали Јанева има информации колку пари е јавниот превоз во Токио?;
  • Дали сумата од 360.000 евра што тимот на Јанева по грешка ја испратил до новинарите за случајот „Транспортер“ е точна и ако е така, како дошле до таа сума?;
  • Дали обвинителите за кои Јанева изјави дека нема потреба од нив биле истерани од СЈО затоа што не сакале да поднесат обвинение за случајот „Транспотер“?