Кои се најпознатите познати самоубијци

од Vladimir Zorba

Само затоа што си богат и познат, не значи дека не си ранлив и не страдаш.  Тоа го докажуваат зачестените случаи на познати личности од уметнички свет, кои избираат да  си го прекинат живот.


По трагичната смрт на вокалистот на Linkin Park Честер Бенингтон, кој се самоуби  на денот на  роденденот на Крис Корнел, кој од своја страна  си го одзеде својот живот само два месеци претходно, одлучивме да провериме кои се најпознатите уметници кои независно од успехот , се одлучија да се самоубијат.


Честер Бенингтон – Само на 41 години пејачот  се самоуби на 20-ти јули.

 

Стиви Рајан – Тв водителката и актерка се обеси во јуни.

Крис Корнел – Во мај оваа година, на 52 годишна возраст, еден од најпознатите гранџ изведувачи се обеси во хотелска соба во
Детроит.

Робин Вилијамс – кој страдаал од долгогодишната депресија, најголемиот актер, кој бешепрогласен за “најсмешни човек” се обеси на 63-годишна возраст. Тој си отиде во 2014-та.

Тони Скот – Режисерот на “Вистински романса”, “Топ Пиштол”, “Човек под нишан” и многу други блокбастер филмови скокна одмост во Лос Анџелес во 2012-та.


Александар Меквин – Популарниот дизајнер се самоуби по смртта на мајка си. Тој  смешал лекови со кокаин пред да се обеси во својот дом во Париз во 2010-та.


Лорен Скот – Уште еден познат дизајнер и поранешна девојка на Мик Џегер се самоуби на 49-годишна возраст. Таа се обеси со свилена   шамија во 2014-та.


Минди Маккријди – На 37 години познатата кантри пејачка се застрела во својот дом во 2013-та. Таа имала два неуспешни обиди се самоубиство во минатото. Покрај многу успешна кариера, Минди беше мајка на две деца.

Џиа Алеманд – Актерка, модел на Maxim,  како и учесник во шоуто “Ергенот” се обеси во 2013-та, откако дечко и ја напуштил.

Луси Гордон – Британската актерка, која имаше улога во “Спајдермен 3”, се обеси во својот стан во Париз во 2009-та.


Курт Кобејн – На врвот на својата слава пејачот на Nirvana се застрела во главата во 1994-та. Тој беше на 27 години.

Џонатан Брандис – Исто на 27 години актерот од “Never Ending Story” се обеси во 2003-та.

Мајкл Хтчинс – Фронтменот на INXS беше најден  обесен со ремен во хотелска соба во 1992-ра. Официјалната верзија е самоубиство,


Мерилин Монро – Има многу конспиративни теории за смртта на киноиконата. Актерката е пронајдена мртва во својот дом во 1962-ра, а официјалната верзија за нејзината смрт е самоубиство со предозирање лекови. Монро почина на 36 години.

Слични содржини