Кои се новите македонски амбасадори во ЕУ , Брисел и Париз?

од desk4

 Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика денеска своите платформи за работа ќе ги презентираат новите амбасадорки во Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, Кралството Белгија Агнеза Руси-Поповска и во Франција  Јадранка Чаушевска-Димов.Пратениците имаат право на отворени прашања за активностите на идните амбасадори, кои треба да ја поминат оваа прва фаза на нивниот избор.

 

  Во Собранието денеска започнува  и разгледувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

Седница на која ќе се разгледува Извштајот денеска во Собрнието ќе одржат Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен Комитет РМ-ЕУ.

Извештајот на ЕК пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Семуел Жбогар. На седницата обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а заклучни согледувања ќе изнесе Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс” во Вашингтон.

Македонија доби позитивна и безусловна препорака во Извештајот за напредокот, но конечната одлука за датум за преговори треба да ја донесе Европскиот совет во јуни.

Истовремено во посета на македонскиот Парламент се и претседателот на Групата за пријателство Франција – Македонија , на Националното собрание Бернард Сор и потпретседателот на групата Грегори Галбадон. Тие  ќе се сретнат со членовите на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Франција.

Слични содржини