Кои се првите симптоми на рак на грлото на матката? Секоја жена може да ја открие болеста навреме!

од desk2

Ракот на грлото на матката воглавно не покажува симптоми во раниот стадиум, па затоа многу е важно редовно да одите на гинеколошки прегледи. Иако нема јасни симптоми, телото испраќа поединечни сигнали дека во него се развива опасен тумор.

Кои се првите симптоми на рак на грлото на матката? Секоја жена може да ја открие болеста навреме!

Меѓутоа, за жал, жените најчесто ги занемаруваат овие симптоми и ги сметаат за безопасни. Токму таквиот став може да ги чини здравје! Симптомите што укажуваат на рак на грлото на матката се вагинално крварење по завршениот менструален циклус, болки во стомакот, неспособност да се воздржите од мокрење и крв во урината.

Симптоми на оваа болест се и болки во коските, болки во долниот дел на грбот, отекување на нозете, губење апетит, нагло слабеење, чувство на поспаност и нервоза, промени на текот на мокрењето, како и промени во столицата.

Најефикасната превенција од рак на грлото на матката се редовните гинеколошки преглед. Во повеќето случаи, ако се открие навреме, ракот ќе може и да се излечи! Не си играјте со вашиот живот и водете грижа за вашето здравје!

Слични содржини