Илинден 1903 , потсетување  на првата  Привремена влада на Крушевската република Нејзината задача  беше следнава: да ги оданочи граѓаните со привремен налог: да собира по реквизициски пат храна за исхрана на востаниците и населението во градот и во околијата; да реквирира материјали за облека и опинци за востаниците и за милитаризираните граѓани, како и материјали за нивното вооружување; да се грижи за ранетите и разболени востаници, граѓани и селани; да казнува провинети граѓани; да чува ред и мир во градот и сл.

ad3286ca-8e82-4cfb-8cd9-5adc460dc97f-krusevska-republika-17-728

Составот на Владата беше следниов: 1. Дину Вангел, претседател и раководител на судството; 2. Георги Чаче, секретар и раководител на реквизицијата; 3. Теохар Нешков, благајник и раководител на финансиите; 4. Христо П. Ќурчиев, градоначалник и раководител на полицијата: 5. Димитар Секулов, раководител на прехраната и производството, и 6. Никола Баљу, раководител на Санитетот. Помошници на последниов му беа овие лекари: д-р Димко и д-р Батал, а Питу Берберо и Гушу Пендифранга им помагаа како кираџии и лекарски помошници.

Привремената влада ги имаше како главни помошници раководителите на Крушевскиот комитет, Григор Божинов и Тодор Павлов и трговецот Ѓорче Тренков, а и сите членови на Владата беа должни заемно да си помагаат и услужуваат во работата за да се избегне ангажирањето на нови луѓе, што би го сопирало нормалниот економски живот на градот.

Привремената влада заседаваше во грчкото централно училиште. Истава зграда служеше и за депозитен склад на храни и други материјали. Над неа се развиваше црвено-крвавото знаме на Револуцијата.

КРУШЕВСКИОТ МАНИФЕСТ

Веднаш по преземањето на власта, Привремената влада му се обратила на својот народ со манифест, познат како „Крушевски манифест”. Во Манифестот, кој всушност претставува декларација за целите на македонската револуција, до полн израз доаѓаат државотворнитe гледишта на македонскиот народ за конституирањето на македонската држава. Актот со кој се повикува населението за соживот и заедничка борба за ослободување од ропството и страдањата, без разлика на нивната национална и верска припадност, воодушевува со својата револуционерна демократија. Истовремено овој акт на привремената власт инспирира со готовноста за саможртва на македонскиот народ во интерес на заедничката слобода и право, за она за што е подигната револуцијата.

Привремената влада на внатрешен план презела низа мерки да го зајакне и прошири своето влијание. Таа национализирала неколку претпријатија кои биле од посебна важност за одбраната на слободната територија, пристапила кон реквизиција на бакарот, бакарните садови за лиење на муниција, потоа реквирирала храна и материјали за облека и обувки потребнии за востаниците и населението. „Владата“ распишала востанички данок, собирала оружје и муниција, го одржувала редот и мирот, а биле преземени мерки за утврдување на градот.

Во текот на своето десетдневно постоење на Крушевската Република, привремената влада организирала револуционерен суд за кривични и за граѓански предмети; поштенска служба; санитетска служба со болница. Со еден збор во Крушево, македонските револуционери, длабоко во Македонија и на Балканот, ги удирале темелите на македонската држава.

Извор: Македонска нација

– See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/11398#sthash.qRyQwhJs.dpuf

Слични содржини