Бројот на сексуалните партнери има големо значење во однос на начинот на кој другите вe гледаат. Доколку го знаат, нели?!69caa5b7bd6960d4ffbf2a9e2ed2d715

Според научниците овој број има свои граници, кои ако човек ги надмине ќе се смета за развратен. Во ново британско истражување се вели дека жените не треба да имаат повеќе од 14 секс партнери, за да не бидат сфатени како “лесни”, а мажите не треба да собираат повеќе од 15 љубовници, за да не се сметаат за премногу големи авантуристи во интимниот живот.

Од истражувањето станува јасно дека веќе нема двојни стандарди при половите за оптималниот број поранешни сексуални врски.

Броевите и кај мажите и кај жените се речиси идентични и современиот морал толерира прилично широк спектар.

Идеален број партнерки за мажите е 7 или 8, за жените се исти броеви. Од анкетата покажува дека дамите кои имале само 1 или 2 љубовни врски во животот, а мажите – 2 или 3, се сметаат за сексуално конзервативни и луѓето сметаат дека тие немаат доволно искуство во сексуален план.

Но и претерано големиот број секс партнери делува одбивно. Од таа причина блиску до 19 проценти од анкетираните дами го намалуваат бројот на партнери пред новиот љубен.

Во извештајот на “Online Doctor Superdrug”, се вели уште дека само 8 проценти од жените имаат тенденција и се во искушение да излажат дека имале повеќе мажи во нејзиниот живот, отколку што е во реалноста.

Кај мажите ова бројка е доста поголема – 18 отсто од мажите имаат тенденција да изјават дека сексуалното искуство од минатото е доста поразновидно од реалноста.

Слични содржини