Кој е најбезбеден начин за патување?

од desk2

Многу луѓе имаат страв од летање, односно се плашат дека авионот ќе се сруши, но би требало да знаете дека веројатно сте побезбедни во авион, отколку во автомобил, автобус…

Американскиот отсек за транспорт подели статистички податоци за несреќите во различни превозни средства.

Автомобили

Сообраќајните несреќи се многу чести. Еден од 114 возачи е изложен на ризик да умре зад воланот, а еден од 654 е изложен на ризик да загине како патник во автомобил.

Возови

Во 2015 година, во Америка загинале 749 луѓе во несреќи во кои учествувале возови. И возовите спаѓаат помеѓу побезбедните транспортни средства.

Чамци и бродови

Околу 700 луѓе умреле превезувајќи се со чамци или бродови, но 90% од тие несреќи се случиле како последица на рекреативно пловење, а не на патнички бродови и чамци.

Авиони

Шансите човек да загине во авион се 1 према 9.821, поради што летањето со авион е најбезбеден начин на патување. Во 2015 година, во Америка слетале 848,1 милиони патници, а 444 смртни случаи се поврзуваат со авионски несреќи-

Кој е вашиот омилен начин на патување?

Слични содржини