По oставката на лидерот на партијата Никола Груевски од премиерската позиција , генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, доби зелено светло од Централниот комитет на партијата да ја предводи преодната влада.Дитириев има брза кариера во ВМРО ДПМНЕ.

Emil_Dimitriev-610x377

Веќе излегуваат наслови во регионот, 37-годишен социолог и воен експерт  го заменува Груевски.

Димитриев е роден во 1979 година во Пробиштип, во источниот дел на Македонија. Дипломирал социологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Подоцна студирал во Воената академија за резервни офицери. Во 2011 година за прв пат беше избран за пратеник, а од 2008 година беше зам.министер за одбрана.Претходно работел во ХС Злетовица, раководител на општ сектор, а пред тоа бил координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на Општина Пробиштип. Во неговата биографија пишува и дека поседува компјутерски вештини и зборува англиски јазик, а хоби му е лов.

Од јули 2013 година е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Како генерален секретар е задолжен за кадровски прашања, вработувања на партиските кадри, и работа со членството на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека  немало дилеми за новиот наследник на Груевски,  но на седницата на Централниот комитет на партијата е донесена едногласна одлука нивниот кандидат за премиер во претстојната предизборна кампања да биде Никола Груевски, кој е на оваа позиција од 2006 година. Всушност донесени се три заклучоци на ЦК на партијата, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ:

Првиот заклучок е дека Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна поддршка на Претседателот на партијата Никола Груевски, во постапките и чекорите кои ги превзема за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година.

Втора работа, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе едногласна одлука за кандидат за Премиер на Република Македонија со кој што ќе настапи на предвремените парламентарни избори да биде Никола Груевски.

А, за кандидат за Премиер на Владата кој што е задолжен да ги спроведе овие предвремени избори ќе биде Генералниот секретар на партијата, господинот Емил Димитриев. Станува збор за сериозен и одговорен човек кој што својот професионален ангажман досега го има докажано на повеќе позиции и цениме дека целосно и одговорно ќе ја обавува оваа функција на премиер на Владата која што ќе спроведе предвремени парламентарни избори.

Слични содржини