Тилерсон добие поддршка во комисијата со 11 гласа “за” и 10 “против”, откако влијателни републиканци како Џон Мекејн, Линдзи Греам и Марко Рубио одлучија да гласаат за него, иако пред тоа изразуваа сомнеж  поради неговите врски со Русија.

За Тилерсон сите републиканци биле против сите демократи во комисијата.

Според Уставот на  САД , првиот дипломат е назначен од претседателот, но треба да биде утврден и од Сенатот, и може да се одржат неограничен број сослушувања пред да дојде до гласање.

Во сенатската комисија влегуваат 11 републиканци и 10 демократи, што значи дека ако дури и еден од претставниците на Републиканската партија бешеја  одбил поддршката, кандидатурата на Тилерсон ќе беше одбиена.

Сенатор Бен Кардин од Демократската партија вели дека не може да гласа за Тилерсон, бидејќи е загрижен од неговиот однос кон човековите права, од пристапот при донесување одлуки, како и од тоа дека како шеф на Ексон Мобил лобирал против санкциите против Русија.

Во јуни 2013 година, претседателот на Русија Владимир Путин го награди Тилерсон со орденот “Дружба” за значаен придонес во зајакнувањето на соработката во енергетскиот сектор.

Според голем број аналитичари Тилерсон ќе доведе до нови односи по оската Вашингтон-Москва, како поранешен шеф на компанијата Exxon Mobil и бизнисмен,кој  одржува добри односи со Русија.

Истовремено, тој одби да прифати дека во Сирија се вршат воени злосторства. На прашање на републиканецот Марко Рубио дали Путин е воен злосторник, Тилерсон изјави дека не би го употребил овој збор. Тој одговори двосмислено на голем дел од стотиците прашања од комисијата, што доведе до размена на остри реплики во некои случаи.