Кој е следниот споменик за тргање?

од Vladimir Zorba

Комисијата предложила отстранување и на Александар, Филип и Портата – исто како и Ќосето

 

Работната група на Министерството за култура која го анализира проектот Скопје 2014, донела препораки за дислокација и демонтирање (или рециклирање) и на споменикот на Александар (Воин на коњ), Филип Втори и Портата Македонија.

– Ние работиме во насока на повторно враќање на владеењето на правото. Во случаите каде е прекршен законот нашите препораки ги упатуваме до институцијата која го поставила споменикот, во случајот со Ќосето беше градот, а собраните документи ги даваме во ОЈО за предистражна постапка за злоупотреба на службена должност и немаменско трошење буџетски пари.

Одлуката потоа ја носи институцијата која го поставила споеникот –  изјави за Либертас Мирослав Грчев кој е дел од комисијата.

Спомениците на Александар и на Филип Втори се поставени од Општина Центар додека Портатата е од Министерството за култура.

Препораките се испратени, сепак останува на институциите за да одлучат како ќе постапуваат понатаму.

Слични содржини