Кој е залогот? Како Бред и Анџелина ќе поделат 500 милиони долари?

од Vladimir Zorba

Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит нема да е многу лесен, со оглед на тоа дека нивното заедничко богатство се проценува на 500 милиони долари.7a4af225f3eaca40693efe234af3caf6

Во понеделникот Џоли поднесе барање за развод со Пит по две години брак, повикувајќи се на непремостливи разлики. Да не заборавиме дека, сепак, двајцата актери се две од најбогатите холивудски ѕвезди.

Според адвокатот Доналд Дејвид и Forbes 52-годишниот Бред заработил 350 милиони долари, а 41-годишната Енџи има придонес кон семејниот буџет со 275 милиони.

Во последните години Џоли заработувала помалку пари, бидејќи се снимаше значително поретко во киното.

Покрај тоа Пит е косопственик на продуцентската компанија Plan B, која произведува профитабилни хитови и претенденти за “Оскар”, како “Z-та светска војна”, “12 години во ропство” и “Големиот залог”.

Тој исто така учествува во високобуџетни филмови како “Бандата на Оушн” и “Чудниот случај на Бенџамин Батон”.

Во меѓувреме, во последниве години, Џоли зеде плата како режисер и актерка од неколку блокбастер филма како “Агент Солт”, “Љубовница на злото” и “Unbroken”.

Наскоро таа ќе претстави свој телевизиски филм за геноцидот во Камбоџа.

Forbes проценува дека Пит и Џоли имаат заработени 117 милиони долари, откако се венчале во 2014 година, при што Пит заработил 76,5 милиони од нив, речиси двојно во споредба со оние на Џоли. Тие заедно имаат стекнато и 555 милиони долари, откако се заедно од крајот на 2004-та.

Покрај тоа двојката споделува неколку импресивни недвижни имоти, вклучувајќи го францускиот имот “Шато Пис”, кое е во вредност од 6,5 милиони долари, куќа во Њу Орлеанс, вила во Лос Фелис, Калифорнија и стан во Њујорк.

Правните експерти велат дека разводот на Џоли и Пит нема да е лесен, ако тие не склучиле предбрачен договор.

Слични содржини