Кој ќе биде „корисен идиот“ Меркел да формира влада?

од desk4

Слободните демократи се сметаат за такви кога учествуваат во коалиција со германскиот канцелар.

Слободните демократи нема да ја играат корисната улога во новата германската влада, ако учествуваат во коалиција со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и со Зелената партија.

Ова го изјави либералниот лидер Кристијан Линднер, цитиран од светските медиуми. Во коалиција со Демохристијанската партија на Меркел и Зелената партија слободните демократи само ќе ја играат улогата на корисен идиот во голема коалиција – со малку Зелени , рече тој во интервју за германското списание Фокус , кое ќе биде објавено подоцна оваа недела.

Дел од интервјуто беше објавено од весникот Зи Цајт. Според него, нема смисла во повторното отворање на разговорите. Претходно, Лиднер изјави за Шпигел дека во блиска иднина, соработката со Зелената партија на национално ниво е незамислива за слободни демократи.

Но, коментарот му е во спротивност со ставот на генералниот секретар на партијата Никола Беер, која изјави дека сè уште е можно да се изгради модерна Република во следните години, ние сме последните кои ќе ги отфрлат разговори.

Слични содржини