Кој лаже, Груевски или Заев?

од Vladimir Zorba

„НДМ изразува длабока загриженост од меѓупартиските обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за прашања од витален национален и државен интерес за Република Македонија.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Заев практично се договорил со Ахмети за идентитетска промена на Македонија и Македонците со двојазичноста, промена на името, знамето, грбот и химната, додека пак, од СДСМ возвратија дека сето тоа е лага бидејќи криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ била „дефакторизирана и дека разговорите со ДУИ бле поставени исклучиво на Уставот на Македонија.Оттука, НДМ , во денешното соопштение, го повикува СДСМ да го даде на увид постигнатиот договор со ДУИ, со цел, јавноста да види кој лаже и манипулира: Никола Груевски или Зоран Заев!?

 

Слични содржини