Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ синоќа половина час пред полноќ си  поднесе листи со имињата на кандидатите за пратеници за предвремените избори закажани на 5 јуни.  Таму се ГРОМ на Стевче Јакимовски, а со листи тргнаа уште неколку маргинални човек- партии  кои треба да глумат плурализам.

грујо мисли

Носител на првата изборна единица е претседателот на партијата, Никола Груевски, носител на листата на втората ИЕ е  министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во третата е координаторот на пратеничката група, Илија Димовски, министерот за здравство, Никола Тодоров е носител на листата во четвртата ИЕ, Антонио Милошоски како и досега е носител во петтата ИЕ, а пратеникот Влатко Ѓорчев е носител во шестата изборна единица. Демек тоа е многу важно во контекстов, демек перјаниците остануваат сплотени.

Германскиот гласник на Меркел денеска во Скопје

Останатите три големи партии, потписнички на Договорот од Пржино – СДСМ, ДУИ и ДПА, најавија дека  нема да поднесат листи, односно нема да излезат на избори на 5 јуни.

Експертската јавност потсетува дека поднесените листи на Груевски  сепак не значат и дека избори ќе се случат. Тоа повеќе е фолклорот на ВМРО ДПМНЕ, да се оправдаат пред своето членство дека ете направиле сè, ама виша сила(читај петоколонашите и странците предавници со САД И ЕУ)  им извршиле притисок и ја преиначиле работата. Ама тие спремни и си го направиле своето, и не бегаат од избори.

Сепак тие бегаат 

Сепак копјата се кршат околу аболицијата и нејзиното поништување и работата на СЈО. Тука е збегот на Груевски и братјата. Стравот најмногу доаѓа од таму, а не од датумот на изборите,  избирачкиот список и киднапираните  медиуми. Сè тоа е релативо за власта , само едно е битно – да не се повлече аболицијата! Иванов мора да издржи и да ја чува аболицијата -тоа е наредбата.

Чарлс Гарет: Политичка и правна одговорност за сите

Од странците за тоа нема согласност. Извори од преговарачкиот процес велат дека сега неприфатлив е влез за Македонија во НАТО и во ЕУ не толку со името колку со ваков  криминален багаж на водството,  и клучното, непочитување и невладеење на правото. Тоа едноставно не е  можно за никого, па ниту за власта на Никола Груевски,  се ставовите на „странците“.

Избори да има и ќе има со условен датум, зависно од исполнувањето на обврските и реформска политичка влада која ќе ги спроведе тие реформи е понудата, која е прифатлива за сите останати партии кои не поднесоа кандидатски листи. Прво следно ќе бидат медиумите и судството и секако одвојување на државата од партиите.  И најверојатно тоа на крајот ќе биде единственото решение без оглед на излетите и листите  на Груевски за 5 јуни- избори кои и пред да се оддржат веќе се прогласени за неважечки и некредибилни.

 

 

Слични содржини