Трет блок секако ќе има и власта на Никола Груевски и Ахмети ќе се напаѓаат не од еден туку од два опозициски блока. Тој на СДСМ и овој на опозиционата центро-десничарска опозиција. Во сабота по настапот на „Коалицијата за промени правда , во скопски Аеродорм точни напладне ќе се знае кој уште влегува  а кој испаѓа, најавуваат од Демократскиот сојуз за Локално.мк.

дс

Повеќе од јасно е дека оваа групација која на последната анкета на „Фактор плус АДРИА “ од Белград покажува дека рејтинг од над 9 проценти им пречи  на сите. И  на власта која се обидува да ги купи нашите колиционери, и на опозцискиот блок на левицата кои скаат да ја симнат нашата цена. Но тоа едноставно не е можно , граѓаните се определени за трет блок, просторот е отворен и битно е само , да се издржи до крај заедно со граѓаните и да се одбие нападот на двете страни, велат од оваа коалиција.

Доказ дека сите се против трет блок е неприфаќањето на системот на  една изборна единица за цела држава туку цепкање на 6, што им одговара само на големите партии на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Тоа е познат концепт на уништување на малите партии и нивно организирање, и ние во нашата коалиција, внатре ке се обидеме алтернативно да отвориме прстор за сите партии , со само еден услов, да се против криминалниот режим на Никола Груевски и Али Ахмети, и да во старт се решени дека нема да коалицираат , ниту сега ниту по изборите со оваа криминално раководство на  ВМРО ДПМНЕ и ДУИ , велат од Демократскиот сојуз , фронтменот на Коалиција за промени и правда.

Новата колиција каде треба да влезат ВМРО НП со Љубчо Георгиевски,  ОМ на Љубе Бошковски,  но и други партии кои јавно декларираат дека се за здружувања, сеуште не е дефинирана и затворена  и засега освен технички преговори  за  некаков сооднос на приципиелни основи, нема дефинирано ништо повеќе. Едно е сигурно, и покрај сите шпекулации  дека воопшто не е договрено кој, колку , и каде ќе води изборна единица.

Слично потврдуваат и од ВМРО НП и според извори од таа партија , соодносот сеуште не е дефиниран,  и не е исклучено и Љубчо Георгиевски и воопшто де не води ниту една изборна едница.

Љубе Бошковски исто така , освен што пружил рака со Љубчо Георгиевски не е исклучено и да влезе на листа на СДСМ, ако  не се спогоди за бројот на местата со Демократскиот сојуз и Коалицијата за промени и правда, најавуваат од Обединети за Македонија

НА листата на преговорите велат извори за Локално.мк, од Коалицијата за промени и правда , се  уште три партии од центарот, неколку пратеници кои го напуштиле ВМРО ДПМНЕ, од овој и поранешен парламентарен состав, независни пратеници кои бараат позиции во  новата коалиција, поединци од албанскиот и ромскиот капус , што значи ништи не е завршено ,ниту е конечно.

Се чека и Стојанче Ангелов да се врати од Ирак за да се видат неговите согледувања и спремност со колкаво членство и партиска структура ќе партиципира за да соодветно биде врамен во новата коалиција.

Едно е сигурно дека кој која изборна единица ќе води не е дефинирано , освен што е сигурно само дека лидерот на коалицијата Павле Трајанов ќе биде во првата изборна единица,  и се останато е се останато и предмет на преговори, велат од коалицијата. Тие прецизираат дека по преговорите на  ниво на работни групи очекуваат да  следува и лидерска средба кога ке се испегла и конечно дефинира  кој доаѓа а кој отпаѓа од новата коалиција.

Се останато се себепромоција, лобирања, партиски ујдурми и интереси на големите партии  и обиди за растурање  од сите кои се уплашени дека новата каолиција и без особена промоција го дигна  рејтингот  на 9,1 проценти , и ќе биде сериозен чинител и субјект по изборите на 11 декември каде без пардон се очекува сигурен пораз на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, порачуваат од Коалицијата за промени и правда!

 

 

 

 

Слични содржини