Кој се радува најмногу на оргазми

од Vladimir Zorba

Детално истражување на компанијата за кондоми “Дурекс” потврди дека лондончани достигнуваат почесто до оргазам, во споредба со просечната норма за земјата, пишува  “Метро”, цитиран од агенциите. Според собраните податоци 71 проценти од жителите на Лондон добиваат највисоко уживање барем еднаш неделно. Во исто време просечниот процент за жителите на Велика Британија е 62 отсто.

Констатирани биле прилично големи разлики помеѓу мажите и жените на национално ниво. Кај мажите биле забележани 3,5 оргазма неделно, додека кај дамите 2,1.

58% од  брачните парови допираат до оргазам барем еднаш неделно, додека кај незадомените процентот се испоставил дека е 57 проценти.

Најзадоволувачки секс имале паровите кои живеат според семејни принципи, а во 88 отсто од случаите допираат до оргазам барем еднаш неделно. Но не е сè било цвеќиња и рози во Лондон. Во главниот град се одигрувале најмногу симулирани дамски оргазми 17 проценти од лондончанките глумеле дека уживаат барем еднаш неделно со просечна норма за земјата од 10 проценти.

Слични содржини