Која e фирмата што ја гради зградата кај МНР која се претвори во езеро?

од Vladimir Zorba

Порталот НОВА ја провери фирмата „Рапид Билд“ за која Општина Центар соопшти дека ја гради зградата кај МНР која се претвори во езеро. Според податоците од Централниот регистар, сопственици на оваа градежна компанија се двете фирми „Квалитет Пром ДООЕЛ“ и „ДЕТОИЛ ДОО Куманово“, пишува НОВА.

poplava kaj mnr

Сопственик на фирмата „Квалитет Пром ДООЕЛ“ е Тони Каранфиловски, додека другата фирма исто така ја поседува тој, заедно со Грозде Каранфилоски и Дејан Каранфиловски од Куманово.

Кој е Тони Каранфиловски?

Името на Тони Каранфиловски повеќе пати се појавува во истражувачките стории на кои има работено редакцијата на НОВА. Токму „Рапид Билд“, која сега според општина Центар е изведувач на зградата во поплавеното земјиште кај МНР, е една од двете фирми на кумановскиот бизнисмен Тони Каранфиловски, за кои НОВА пишуваше дека ќе бидат вклучени  во милионскиот бизнис со изградба на гасоводната делница. Втората фирма е „ФЗЦ 11 Октомври“. Во овие две фирми како сопственик се јавува компанијата „Квалитет пром“, која е семејна компанија на Каранфиловски.

Некои од истражувачките стории оваа купопродажба ја третираа како контроверзна бидејќи влезот на Каранфиловски се случува речиси паралелно со најавата дека оваа фабрика ќе биде вклучена во бизнисот со гасоводната делница.

Бизнисменот Каранфиловски исто така беше актуелен во јавноста, откако неговите фирми се појавија како дел од групата купувачи на атрактивно земјиште во Охрид, веднаш под црквата „Канео“, заедно со уште две контроверзни компании блиски до луѓе од власта за кои НОВА пишуваше лани.

Слични содржини