Многу заљубени парови деновиве беа во трескавична подготовка за најромантичниот празник во светот, Денот на вљубените. Тој се слави секоја година на 14 февруари, иако не е официјален празник.4656762

Денот на вљубените е започнат како литургиски празник, на кој се почитува светец на име Валентин. Во 18 век, во Англија, празникот стекнува и романтичен изглед, ден во кој вљубените парови, изразуваат чувства преку цвеќиња, слатки, картички и др. Симболите на Св. Валентин се срцето, гулабите и фигуррите од крилестиот Купидон.

Суштински дел од романтиката на празникот е и вкусната храна. Foodpanda, избра 5 романтични видови храна, со кои може да ја израдувате вашата партнерка, не само за Валентајн, туку во која било вечер посветена на вашето интимно зближување.

Чоколадо – Сигурно, во вашето мени, треба да присуствуваат чоколадните производи- чисто чоколадо во форма на срце, чоколадни мафини, колачиња или кекс. Сепак чоколадото е еден од главните афродизијаци.

Палачинки- може да го изненадите омилениот уште на појадок со вкусни мали палачинки послужени со крем и замрзнати бобинки. Оформете ги во форма на срце.

Кавијар- кавијарот е вкусен деликатес, кој би се вклопил одлично на вашата романтична трпеза. Направете мали топчиња од леб со семки и намачкајте ги со црн кавијар. Може да принесете и кришки од протеини, полнети со црвен кавијар.

Омар и морски деликатеси. Ако сакате да го изненадите својот омилен/а може да подготвите обилно средоземноморско мени. Целиот јастог се служи со лимони и други морски деликатеси како ракчиња, школки, октопод и др.

Месо- ако преферирате месо, тоа е најдобро да биде црвено. Телешкото е добар избор. Ако сакате да приготвите нешто посебно, подгответе паштета служени на кришки од јаболко или ананас.

Не заборавајте го и виното. За симбол на вљубените се смета црвеното вино.

Слични содржини