Која е најзгодната поза за спиење за време на месечниот циклус

од Vladimir Zorba

Месечниот циклус на жените е периодот во кој иритацијата, болката, грчевите и мноштвото болести или моментални болки помрачуваат сè околу една жена. Во ноќта кошмарот се продлабочува, бидејќи не можете да спиете нормално од болки, а и постојано се случува да протече течноста преку облеката.a0bb0d6a6736a78bff417c62c5432ac7
Се прашувате каква поза да зафатите. Се вртите цела ноќ, а јадот не завршува, барем не во првите денови на циклусот. Научниците ги советуваат дамите да пробаат да спијат претежно во ембрионална положба кога се во циклус. Тоа значително ги намалува болките, грчевите и течењето. Заземете ембрионална положба со контракција на нозете во колената колку е можно поблиску до телото и препокривање колената со раце.

Апликацијата за следење и пресметка на месечниот циклус Clue: Period and Ovulation Tracker им помогнала на истражувачите да ги анализираат собраните податоци, пишува goodhousekeeping.com.48259e625853bab962c6e7e97fa25e8b

Оваа поза делува благотворно , бидејќи кај неа се притискаат стомачните мускули . Тоа дава можност за намалување на болките и грчеви во мазната мускулатура.

Сепак постојат некои грижи во врска со други проблеми кои можат да произлезат при спиење во оваа поза за долг период на време. Можат да се појават ‘рбетни искривувања, болки, иритации во периферни и централни нерви. Причината е во положбата на рбетот при оваа поза.

И покрај овие проблеми, многу жени велат дека оваа поза им е најудобна за време на менструалниот циклус. Се разбира, во зависност од индивидуалните преференции може да се менува слободно позата ноќе.

Слични содржини