Која е тајната на долгата младост?

од Vladimir Zorba

Тајната на долгата младост е во седумчасовното спиење, алгите и кафето, тврди д-р Елизабет Блекбурн, кој ја доби Нобеловата награда за откривање на теломери, кои одредуваат дали старееме добро, објави  “Дејли мејл”.

Претерувањето со газирани пијалоци сепак остарува како и пушењето со цели пет години.

Теломерите се заштитните крајчиња на хромозомите кои го штитат ДНК-то од оштетување. Познато е дека тие се намалуваат со годините. Минијатурна разлика во должината може да покаже ризик од рак или болест.

Според д-р Блекбурн теломерите се оштетуваат брзо исто од хроничен стрес, јо-јо диети, бел леб, шеќер. Медитеранската исхрана богата со витамински алги и неколку кафиња дневно, сепак можат да ги продолжат.

Должината на теломерите се наследува не само од родителите. Таа се определува и од начинот на живот и стресот. При акумулација на килограми во половината, ризикот од нивно намалување се зголемува со 40 проценти. Тие сепак можат да бидат стабилизирани со диета, движење и спиење.

Доволното спиење ги одржува теломерите млади, како и кафето. Истражување меѓу 4.000 жени покажа дека оние кои пијат кафе имаат подолги теломери.

Целите зрна, алгите, морската храна, зеленчукот исто така помагаат за подолги теломери, утврдија корејски научници. А според американски експерти, јагленохидратите и млечните производи не се нивни непријатели, за разлика од газираните пијалоци.

Теломерите на луѓето кои пијат по два газирани пијалаци дневно, се со пет години постари. Чаша газиран сок дневно ја зголемува возраста на теломери за две години и човек станува подложен на болести како дијабетес.

Меѓу храната која ја намалува должината на теломерите е и обработеното месо, ориз, тестенини, бисквити, сладолед.

Овие препораки се објавени во новата книга “Ефектот на теломерите”, напишана од д-р Блекбурн заедно со д-р Епел од Универзитетот на Калифорнија.

Слични содржини