Сите знаеме дека изработката на смартфоните не вреди толку колку што тие се продаваат. Сега дојде време да го провериме и најновиот предводник на Samsung – Galaxy S6 Edge. Кои делови ги вклучува тој, колку чинат тие и која е најскапата?655-402-aa

Истражување на Re/Code се фокусираше на верзијата со 64GB на смартфонот, за да ја провери неговата цена. Специјално за Verizon серијата на Samsung Galaxy S6 Edgе цената е околу 290 долари, што ја вклучува и изработката на деловите, така и во целост. Цената е за 34 долари повисокаод 64-Гигабајтниот Galaxy S5.

Се разбира, најскапиот дел на Galaxy S6 Edge е екранот, кој излегува  околу 85 долари за изработка. По него се редат процесорот (Exynos 7) – 30 долари. Конечно имаме RAM меморија DDR4 за 27 долари и чипот од Qualcomm, кој чини 15 долари.

Можеме да направиме и споредба – iPhone 6 и iPhone 6 Plus чинат односно 247 и 263 долари, но се продаваат по цена од околу 650 за 6 и 750 за 6 Plus.

А која е цената на Galaxy S6 Edge 64GB на пазарот? Verizon го продаде за 699,99 долари, што е горе-долу како онаа на Apple производот.

Добивката на двете компании е блиска, но треба ли да почнеме да плачеме дека овие телефони се со надуени цени воопшто? И да и не. Затоа не заборавајте дека освен изработката на паметните телефони, овие пари одат и за рекламирање, пакување, тест примероци и уште што ли не.

Слични содржини