Која храна делува како дрога?

од Vladimir Zorba

Кога зборуваме за зависност, обично станува збор за дрога, цигари, алкохол. Но, истото може да се каже и за храната.65410f2a8f9c3f2fd52e395d4de93d27

Специјалисти ја утврдија храната, која може да биде зависна колку хероин и кокаин, а тоа може да одигра многу лоша шега кај  оние кои имаат цел да изгубат од вишокот килограми.

Сличностите меѓу зависноста кон храната и дрогата се импресивни. Храната, која е со висока содржина на калории и масти, влијае на центрите за задоволство во мозокот на начин многу сличен на дрогата. Колку повеќе конзумираме од овие храни, толку повеќе чувствуваме жед за нив и соодветно се стимулира центарот за задоволство во мозокот.

Покрај тоа, исто како што наркоманите развиваат отпорност кон некои дроги, луѓето кои демонстрираат знаци на зависност кон храна, развиваат отпорност кон одредени видови храна. Иако се сити, засегнатите продолжуваат да јадат, иако храната носи сè помалку сатисфакција.

Од оваа состојба можат да бидат погодени не само оние кои се борат со вишокот килограми. Луѓето кои имаат нормална тежина, исто така, може да изгубат контрола во однос на исхраната.

Храната која во најголема мера доведува до зависност, е со висока содржина на масти и калории, таа е обработена храни која содржи прекумерни количини шеќер. Долгата листа на храна, што доведува до зависност, вклучува: пица, чоколадо, спакувани бисквити, сладолед, помфрит, чизбургер, кола, колачи, пржено пилешко, пуканки.

Како и секоја друга зависност, и оваа кон одредена храна бара интензивна интервенција. Во овие случаи треба да се консултирате со лекар, кој ќе ви даде совет за промена во исхраната и други можни методи, кои би биле од корист.

Слични содржини