Коке ја продолжува соработката со Атлетико Мадрид

од Vladimir Zorba

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид реши да ја продолжи соработката со еден од своите клучни фудбалери Коке.

Актуелниот репрезентативецот на Шпанија, потпиша нов петгодишен договор со тимот од „Висенте Калдерон“, со кој е обврзан на верност до 2024 година.

Иако 25 годишниот фудбалер од средниот ред, имаше уште две години од досегашниот договор, сепак Атлетико и Коке се договорија да ја продолжат соработката на уште пет години.

– Атлетико е клубот на мојот живот, живеам за овој него, чест ми е што ќе бидам дел од иднината на мојот омилен тим, изјави Коке.

Речиси целата своја кариера Коке ја мина во редовите на „јорганџиите“ . На осумгодишна возраст пристигна во овој тим, ги мина сите младински категории и дебитираше за сениорскиот состав на 17 годишна возраст.

– Среќен сим што Коке и натаму ќе ги брани нашите бои и сигурен сум дека ќе испишува нова историја со нас, како и ние со него. Со неговите 25 години, тој е веќе легенда на клубот, истакна директорот на Атлетико, Хосе Луиз Перез Каминеро.

Коке ги мина и сите репрезентативни селекции на Шпанија, а од 2013 година е во сениорската за која досега настапи на 32 натпревари

Слични содржини