Колку должат јавните претпријатија?!

од Vladimir Zorba
МЖ транспорт потврдува дека има неплатени долгови од 40 милиони евра, а државната ЕЛЕМ пак соопшти дека нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, информира ТВ24.
Откако министерот Тевдовски објави дека државните институции, фондови и јавни претпријатија пријавиле долг од 363 милиони евра, Електрани на Македонија преку соопштение посочуваат.
„Акционерското друштво во државна сопственост ги испрати бараните податоци до Министерството за финансии со пресек заклучно со 31 мај и би сакале да појасниме дека станува збор за тековни обврски чии  рокови за плаќање на тој датум се’ уште не биле доспеани, односно не е пробиена валутата за плаќање.“ – велат од ЕЛЕМ.
Регираше и Институтот за трансфузиона медицина. Со посочените податоци се доби погрешна слика за рабоатата, зошто тие имаат побарување од 7.8 милиони евра.
Со објавување на долгот од 363 милиони евра, министерство за финансии направи потег прв пат да се објават податоци за скриени обврки и во оваа фаза целта е да се информира јавноста – велат од финансии.
„Ова не се изворни податоци на Министерството за финансии и тие беа добиени во агрегирана форма, затоа е најдобро за сите детали да се обратите до секоја поединечна институција.“ 0велат од министерството.
Во објавените податоци за долговите засега влегуваат сите што биле пријавени до страна на институциите, и досепани и недоспеани.
Директорот на МЖ Транспорт, Коруновски, кој потврди дека фирмата е во долгови,  вели дека немаат пари за отплаќање на обврски направине уште во времето на Југославија.
Кон македонското стопанство долгот е 5 милиони евра, најмногу за неплатена струја, а не се плаќале  ниту кредитите за возовите што преходната влада ги купи.
„1 милијарда и 119 000 е долгото кон странски железнички управи и во тој долг е и доспеаните рати и камати по основ на кредитот на Европска банка за набавка на новите возови во износ од 546 милиони денари.“ – изјави Игор Коруновски, директор на МЖТ.
Според податоците, владината служба за општи и заеднички работи должи 1,6 милиони евра. Министерството за здравство има неплатени сметки од 9.5 милиони евра, Дополнителен долг од 52 милиони евра имаат здравствените установи. Министерството за образование, пак, по различни основи должи 8 милиони евра. На должничката листа ги нема  МАНУ, Агенција за вработување, Дирекција за заштита на личните податоци, Дирекција за нафтени резерви, општините Валандово, Дебарца, Ѓорче Петров. /ТВ24

Слични содржини