Во последниве години многу модерен меѓу спортските фанови стана кросфитот. Тоа е методологија со која се обликува вашето тело со сопствената тежина, како натпревар меѓу кардио и вежби за сила.3c8a21a33fd24c7852a2a1a95acb12d3

Тренинзите се со висок интензитет – на интервали и со многу мали паузи меѓу нив. Има помеѓу 5 и 10 основни вежби кои можат да бидат модифицирани на различни начини. Овој тип на спорт е силно посакуван, бидејќи може да го правите дома и не ви е потребно да купувате скапи апарати. Освен тоа има еден куп тренери кои ги пуштаат онлајн своите програми кои може да ги практикувате бесплатно дома.

Уште нешто е плус, фактот дека кросфитот го помага согорувањето на многу калории – повеќе отколку што може да согорите во салата на патеката или кростренажерот. Научниците од Универзитетот “Кенсоу” (Америка) утврдиле дека само со 3 едноставни вежби, се горат околу 261 калории за 20 минути!

“Целиот тренинг содржи 3 вежби. Тие ги ангажираат сите мускулни групи и се прават при висок интензитет, поради што се силно ефикасни и горат голем број калории “, тврди Брајан Кисчевич, автор на студијата.

Еве и што претставува самиот тренинг: Поставете го тајмерот на 20 минути. Направете 5 подигања на лост, 10 склекови и 15 сквота. Тоа е една рунда! Повторувајте додека не измине целиот период од 20 минути.