Колку калории согорува сексот?

од Vladimir Zorba

Не е задолжително да се потиме во салата или да се подложуваме на диети, за да изгориме калории. Кога ќе се испотиме во спалната соба, исто така може да стопат неколку калории. Еве од колку можеме да се лишиме при различните активности поврзани со сексот:

Бакнежи

Тоа е меѓу најдобрите начини да се поставиме на бранова должина за секс, но придобивките на бакнежите не завршуваат тука. Оваа пријатна активност има и дополнителна корист – се согоруваат 23 калории за период од 20 минути.

Мастурбирање

На овој начин, исто така се топат калории – за 15 минути се лишуваме од 32.

Секс во мисионерската поза

Според податоци на истражувањето на експерти од Универзитетот на Монтреал во Канада, за време на секс мажите можат да согорат до 100 калории, а жените околу 80 кога се препуштаат на љубовни бакнежи во текот на 25 минути.

При мисионерската поза, која е класичната и ја практикува можеби секој пар, можат да се изгорат 76 калории за 20 минути.

Кучешката поза

Другата вообичаена секс поза, исто така помага да изгориме неколку калории – 80 за 20 минути.

Секс во исправена положба

Кога правиме секс додека се соочуваме, за истиот период губиме околу 66 калории.

Танц во скут

Идеален начин да се загреете. Во овој случај поголемите бенефиции се за жените, бидејќи тие се активни. За 30 минути дамите согоруваат 143 калории, а мажите – околу 40.

Слични содржини